Технологија
19. July 2026 - 12:01

Фејсбук недостапен за илјадници корисници ширум светот

Фејсбук утрово се соочи со глобални технички проблеми, поради кои голем број корисници не можат да пристапат до своите профили преку десктоп-верзијата, а дел пријавуваат потешкотии и со мобилната апликација.

Според „Доундетектор“, проблемите започнале околу 9 часот, по што биле регистрирани илјадници пријави од повеќе земји. При обид за најава, на дел од корисниците им се појавува порака дека профилот е привремено недостапен поради технички проблем и дека ситуацијата наскоро ќе биде решена.

Од компанијата „Мета“ засега нема официјално соопштение за причините за прекинот. Последен пат Фејсбук имаше сличен глобален пад на 12 јуни.

Ново на Сител