Македонија
31. October 2026 - 12:20

Фрлал камења и земја на улица во Ѓорче Петров, па нападнал жена која се обидела да го сними

67-годишна скопјанка била повредена откако едно лице фрлало камења кон неа во скопската населба Ѓорче Петров.

Според пријавата во МВР, инцидентот се случил на 29 октомври околу 16:40 часот. Претходно, жената го опоменала лицето и се обидела да го сними со својот мобилен телефон, бидејќи фрлало камења и земја на улица која требало да биде асфалтирана.

По ова, лицето почнало да фрла камења кон неа и ѝ нанело телесни повреди. Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.