Амбасадорот на ЕУ во Белград бара темелна истрага за евентуална прекумерна употреба на сила врз демонстрантите
Амбасадорот на Европската Унија во Белград, Андреас фон Бекерат, повика на темелна истрага за секое сомневање за прекумерна употреба на сила од страна на полицијата врз демонстрантите во Србија, по вчерашната средба со претседателката на Народното собрание, Ана Брнабиќ.
Средбата се одржа во време на обновени антивладини протести во Белград и други градови во Србија, кои се интензивираа од почетокот на август.
Протестите ескалираа по вербални и физички судири меѓу две групи – граѓани и приврзаници на владејачката Српска напредна странка – во два града во автономната покраина Војводина.
Фон Бекерат нагласи дека полициските акции мора да бидат пропорционални и во согласност со основните права, истакнувајќи ги загрижувачките извештаи за закани и насилство врз новинари.
Тој и Брнабиќ разговарале за политичката состојба во земјата, реформите во изборната рамка и медиумите, како и за европскиот пат на Србија, кој нуди решенија за клучните предизвици, вклучително владеењето на правото, слободата на медиумите, изборните реформи и создавањето поволна средина за граѓанското општество.
Амбасадорот на ЕУ ги поздрави напорите на Брнабиќ за напредок во изборот на членовите на Советот за регионални промени и во изборното законодавство, нагласувајќи ја потребата од инклузивен и транспарентен процес во кој ќе бидат вклучени сите засегнати страни.
МИА
Ново на Сител
-
Собранието расправа за измените во Изборниот законик за учество на независните на изборите
-
Голема историска средба Трамп-Путин на Алјаска, Зеленски очекува покана за следната средба
-
Тема на денот со Васко Наумовски, поранешен амбасадор во САД
-
Голем пожар во Јажинце
-
Стојановска: Прагот од 0.95% потребни потписи е потценување на независните
-
Самит САД-Русија посветен на иднината на Украина на Алјаска
-
Два критични пожари во околината на Скопје
-
Цвета Ристовска е нов заменик претседател на Антикорупциска