Американец ја тужи АИ: Чет-ГПТ и помагал на мојата сопруга да испланира како да ме убие

Маж од Северна Каролина поднел тужба против компанијата „Опен-АИ“ тврдејќи дека „Чет-ГПТ“ ѝ помогнал на сопругата да испланира какод а го убие. Според првичните информации објавени од платформата „Unilad“, по преживеаниот обид за труење, Џејмс Гејтс бара одговорност од компанијата и нејзиниот извршен директор Сем Алтман.
Шерил Гејтс, која работела како училишна терапевтка, била обвинета дека во соковите и енергетските пијалаци на сопругот ставала лекови што се издаваат на рецепт, како и отровни растенија, а претходно, наводно се консултирала со ВИ, со цел да создаде смртоносни или комбинации што предизвикаат сериозни здравствени последици.
Во тужбата поднесена до Вишиот суд во округот Сан Франциско, се наведува дека Шерил интензивно го користела четботот за разговори поврзани со незадоволството и проблемите во бракот кои постепено се претвориле во конкретен план за негово убиство.
На почетокот на 2025 година, самиот ѝ предложил да користи ВИ за побрзо да ги пишува извештаите поврзани со нејзината работа, но освен за задачи поврзани со нејзината работа, Шерил почнала да го користи четботот и за прашања поврзани со лекови, барање совети и разговори за брачните проблеми, поврзани со финансиски тешкотии.
Во тужбата се тврди дека „Чет-ГПТ“ не само што одговарал на прашањата, туку и ја охрабрувал за плановите.
Џејмс, за првпат се посомневал откако забележал дека пијалаците имаат необично горчлив вкус, по што, на 10 јули 2025 година, неговата здравствена состојба нагло се влошила – срцеви тегоби, болки во стомакот, силна нервоза, слабост и збунетост.
По ова, тој ги открил вознемирувачките разговори меѓу четботот и неговата сопруга. Дополнителни сомнежи предизвикале и предметите што полицијата ги пронашла при претрес на семејниот дом, како пипети, шприцеви, вага и ракавици.
Истражителите ја провериле и историјата на купување преку „Амазон“ каде што било утврдено дека Шерил нарачувала шприцеви.
МИА
Ново на Сител
-

Лажна пријава за бомба во траект со 958 лица на атинското пристаниште Пиреас
-

Охрабрувачки резултати од првото пребројување на дивокозите на Шар Планина
-

Томески: Пожар зафати куќи кај Бит - пазар, има материјална штета
-

Приведен Бака Прасе? Маскирани лица упаднале во неговиот стан и го одвеле
-

Водата во Скопје е безбедна за пиење
-

Акциска контрола за брзо возење - за шест часа констатирани 708 прекршоци
-

Реализирани 750 исплати денеска во „Алта банка“ во Битола, Струмица и Тетово, овозможени и уплати за комуналии и отплата на кредити
-

АХВ и Ветеринарната комора партнерски ќе бараат решенија за предизвиците
