Американската амбасада во Белград издаде безбедносно предупредување во врска со утрешниот протест
Амбасадата на САД во Белград издаде безбедносно предупредување за американските граѓани во врска со утрешниот протест на кој може да се соберат стотици илјади луѓе во Белград и ги повика да избегнуваат толпи и места за масовни собири, пренесе Н1.
„Во Белград се очекуваат големи протестни акции со вкупен број учесници кој може да достигне стотици илјади.
Протестите би можеле да се прошират во поголем дел од центарот на Белград, особено во областите во близина на државните институции и седиштето на јавниот сервис на РТС“, се наведува во известувањето за американските граѓани објавено на веб-страницата на амбасадата.
Се додава дека српската полиција очекува голема гужва, сообраќаен метеж, затворање на јавните служби и сериозни последици за основните услуги, вклучително и итна медицинска помош, како и можни прекини во мобилната телефонија, додека владата предупредува дека е можно насилство, јави Н1.
Ново на Сител
-
ВМРО-ДПМНЕ со обвинување за Филипче
-
Дипломатски активности за деблокада на европските интеграции
-
Стојанче Ангелов менува директорска позиција - Ќе го спасува ДЗС од агонија
-
Божиновска смета дека Чебрен и Галиште треба да ги гради државата
-
Се зголемува економската соработка помеѓу општината Тире од Турција и општина Прилеп
-
Балкански самит на МААА
-
Преглед на вестите од светот
-
Софија денеска ќе одговори дали ќе се одржи средба меѓу претставниците на самитот во НАТО во Хаг