Преглед на вестите од светот
47 лица се повредени во инцидентот во Ливерпул, откако автомобил удри во толпа луѓе за време на прославата на шампионската титула на фудбалскиот клуб Ливерпул. Уапсен е возачот, 53 годишен Британец. Мотивите за индидентот за сега не се познати.
-Она што можам да ви кажам е дека веруваме дека ова е изолиран инцидент и во моментов не бараме никој друг во врска со него. Инцидентот не се третира како тероризам, изјави Џени Симс, заменик-началник на полицијата во Мерсисајд.
Полицијата побара од граѓаните да не шират вознемирувачка содржина за инцидентот на социјалните мрежи. Четири деца се меѓу 47-те повредени. Двајца од повредените се во критична состојба.
Американскиот специјален пратеник Стив Виткоф со нов предлог до Израел и Хамас за прекин на огнот во Појасот Газа. Предлогот предвидува ослободување на 10 израелски заложници во замена за 70 дена примирје, делумно повлекување на израелксите сили од Појасот Газа и ослободување на одреден број палестински затвореници. Според предлогот на Втикоф, пет израелски заложници треба да бидат ослободени во првата недела од примирјето и уште петмина пред крајот на примирјето. Прелдогот е доставен до завојавуаниет страни на разгледување.
-
Емилија Штерјов
Сите содржини од овој новинар