Loading Video...
Свет
18. August 2025 - 16:33

Преглед на вестите од светот

По три ноќи насилство и судири меѓу демонстрантите и полицијата, антивладините протести во Србија синоќа продолжија со силно полициско присуство, но без поголеми инциденти. Во Белград проетстите се оддржаа  пред полициските станици како одговор на полициската бруталност и прекумерната употреба на сила.

И  Во Ниш, граѓаните и студентите се собраа пред полициската станица, барајќи ослободување на петмина приведени студенти, кои подоцна беа пуштени на слобода Демонстрантите во нови сад се собраа под слоганот „ѓубрето паѓа – народот владее“, протестирајќи пред зградата на основниот судот. како поддршка за шестмина уапсени под сомнение за напад врз припадници на воената полиција „Кобри.

Протестите  во Србија траат од ноември 2024 година, откако 16 лица загинаа при падот на настрешницата  на железничката станица во Нови Сад.

Претседателката на српското собрание, Ана Брнабиќ утрово изјави дека уривањето на натстрешницата  било намерен чин на саботажа со цел да се предизвика „обоена револуција“ и да се дестабилизира Србија. 

Илјадници Израелци  синока излегоа на улиците во Тел Авив  повикувајќи го премиерот Бенјамин Нетанјаху да постигне договор со Хамас за прекин на војната во појасот Газа   и ослободување на преостанатите заробеници. Израелската полиција соопшти дека   околу 220.000 луѓе учестувале во протестите додека според Форумот на семејствата на заложниците имало половина милион луѓе.

Премиерот Нетанјаху ги осуди собирите, обвинувајќи ги демонстрантите дека „не само што ја зајакнуваат позицијата на Хамас и го одложуваат ослободувањето на нашите заложници, туку и обезбедуваат повторување на злосторствата од 7 октомври 2023 година.