Американската војска соопшти дека извршила напади во јужен Иран

Американската војска објави дека извршила напади во јужен Иран, тврдејчќи дека целела локаци за лансирање ракети и бродови кои се обидувале да постават мини, и покрај прекинот на огнот меѓу двете земји.
Централната команда на САД (CENTCOM) во соопштението од ноќта кон вторникот изјави дека нападите биле извршени во „самоодбрана“ и дека нивната цел била „да ги заштитат нашите војници од заканите што ги претставуваат иранските сили“.
Портпаролот на CENTCOM изјави дека американската војска „продолжува да ги брани нашите сили со воздржаност за време на тековното прекин на огнот“.
Нападите се случија откако портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Есмаил Багеј, изјави дека е постигнат одреден напредок во разговорите со САД, но дека договорот за прекин на конфликтот „не е нужно неизбежен“.
Иран сè уште не одговорил на најновите американски напади. Не е јасно какво влијание ќе имаат нападите врз потенцијалниот мировен договор меѓу САД и Иран.
Во текот на викендот, американскиот претседател Доналд Трамп посочи дека двете страни се блиску до договор, но подоцна рече дека им наложил на преговарачите да „не брзаат“.
Државниот секретар на САД, Марко Рубио, исто така, рече дека договор може да се постигне уште во понеделник.
Но, Багек одговори во понеделник: „Вистина е дека дојдовме до заклучок за голем дел од прашањата што се дискутираат… Но, да се каже дека ова значи дека потпишувањето договор е неизбежно – никој не може да го каже тоа“.
САД и Израел започнаа неиспровоцирани и ненадекни широки напади врз Иран на 28-ти февруари, предизвикувајќи конфликт низ целиот Блиски исток. Иран одговори со напаѓање на Израел и сојузниците на САД во Персискиот залив кои имаат американски бази и даваа логистика за нападите, и де факто затворање на Хормускиот теснец, што доведе до глобално зголемување на цените на нафтата.
МИА
Ново на Сител
-

Рама денеска ќе учествува на 8-та Меѓувладина конференција Албанија - ЕУ во Брисел
-

Трамп им забранил на американските епидемиолози да комуницираат со СЗО
-

Париските власти забранија можна парада на навивачите на ПСЖ доколку ја освојат Лигата на шампионите
-

Ибрахимовиќ во бокс меч против Фјури на 1 август
-

Официјално: Фабијани нов тренер на Вардар
-

Путин потпиша указ за отпишување долгови на новите регрути за украинскиот фронт
-

Рубио: Ормуската Теснина мора да остане отворена
-

Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ во посета на Македонија
