Македонија
10. February 2021 - 21:16

Анализа: Дали може да има предвремени парламентарни избори?

Локалните избори, но и евентуално ново мнозинство се двата настани од кои ќе зависи дали и кога би се одржале предврмени парламентарни избори. Ова е ставот на политичките аналитичари по се’ погласните барања на опозициските лидери Мицкоски, Апасиев и Села за ново граѓанско изјаснување и покрај тоа што власта на Заев ги одбива изборите.

Аналитичарот Божновски пак, смета дека по неуспехот на власта со Бугарија и преговорите со ЕУ, проблемот со ковид пандемијата и вакцинацијата, како и лошиот извештај за степенот на корупција, предвремените избори се извесни. Но поверојатно е тоа да се случи по локалните избори.

И двајцата експерти се согласни дека парламентот би се распуштил само со гласови од пратеници кои би излегле од редовите на власта особено имајќи пред вид дека мнозинството е хетерогено. Но Арсоваски и Божиновски различно гледаат дали Мицкоски со успех ќе обезбеди вакви пратеници.