Анализа: Какво сценарио следува ако повторно се одложи гласањето на извештајот за напредокот на Македонија?
Ако повторно се одложи гласањето на Извештајот за напредокот на Македонија тоа ќе значи негирање на македонскиот јазик и можна ескалација на односите со Бугарија. Домашните политички аналитичари велат дека таквото сценарио ќе претставува пораз за самиот Европски Парламент, како институција која континуирано го поддржува проширувањето на европското семејство.
Експертите од областа ја оценија како позитивна резолуцијата која ја изгласаа Бугарите во Народното собрание, со која партиите се согласија целосно да се почитува Договорот за добрососедство.
Инаку, гласањето за Извештајот за Македонија е закажано за 24 јуни, а беше одложено по предлог на известувачот Томас Вајц поради интензивни политички дебати, но и противења од страна на бугарските европратеници кои бараат во документот да се додаде придавката „сегашен“ македонски јазик и идентитет.
-
Габриела Лескова
Сите содржини од овој новинар