Анализи на примероци од Дојранското езеро покажале дека водата може да се користи за капење

Во пресрет на летната туристичка сезона, Општина Дојран јавно ги објави резултатите од извршените анализи на површинска вода односно вода за капење од три мерни места на Дојранското Езеро. Примероците се земени на средината на минатиот месец од мерните места „Градска плажа“, „Плажа Гранико“ и „Плажа Полин“, а како што е наведено во објавата на Општината, анализите, кои како и секоја година ги врши ЈЗУ „Центар за јавно здравје" од Велес, се спроведени согласно Националната годишна програма за јавно здравје за 2026 година.
За мерното место „Градска плажа", во извештајот на "Центарот за јавно здравје" - Велес се вели дека, согласно Правилникот за начинот и мерките на управување со водите за капење и Уредбата за класификација на водотеците, езерата, акумулациите и подземните води, анализираната мостра на вода од Дојранското Езеро, по однос на микробиолошките индикатори е оценета како добрa. По однос на физичко - хемиските параметри одговара на 5-та класа по присутна матност, 3-та класа по присуство на амонијак, додека по однос на останатите испитани параметри е во втора и прва класа.
Во извештајот се напоменува дека водата на ова мерно место може да се користи за капење и рекреација и покрај отстапувањата од бараната втора класа на одредени физичко - хемиски параметри кои како што е наведено во овој документ, не се одразуваат штетно по здравјето на луѓето.
Сепак, поради видлива пролиферација на алги, појава на пена на брегот, како и количина на биомаса со зеленкаста боја, се наведува дека е потребно да се изврши анализа на фито и зоопланктон од страна на ЈНУ "Хидробиолошки завод" од Охрид за комплетна проценка на безбедноста на водата и нејзината еколошка состојба.
За останатите две мерни места - плажата кај угостителскиот објект „Гранико" и плажата кај хотелот „Полин", оценката на истата установа е дека примероците на вода според микробиолошките индикатори се оценети како одлични, а за сите други индикатори е дадено истото мислење како и за проверката на вода од Градската плажа, со крајниот заклучок дека за комплетна проценка на безбедноста на водата треба да се изврши анализа и од страна на „Хидробиолошкиот завод" од Охрид.
МИА
Ново на Сител
-

Француските средношколци по средбата со Макрон повикаа на продолжување на протестите сè додека не се објават конкретни мерки
-

Николоски: Ја развиваме Брвеница со реализација на конкретни проекти
-

Трамп се закани со преземање на целата иранска нафта
-

11 ден протести во Тирана: Се бара безусловна оставка од Рама
-

Кошта: ЕУ ќе покрие две третини од дополнителните 70 милијарди евра за Украина
-

Постапка за измами на граѓани со т.н. „кубански вакцини“ - претреси на повеќе локации
-

Македонија утре на Јуниорскиот Евросонг: Од вечерва може да се гласа за Ана Стојаноска
-

Скопјанка измамена за сума од 117.000 денари од поранешен вработен во Катастар
