АНБ: Откриена мрежа на клонирани портали во Македонија, ширеле дезинформации во корист на руски интереси

Агенцијата за национална безбедност (АНБ), во координација со Министерството за внатрешни работи (МВР) и Основното јавно обвинителство (ОЈО), презема активности за откривање и попречување на пропагандна мрежа во земјава, за која се оценува дека има деструктивна и малициозна агенда насочена кон влијание врз јавниот дискурс во корист на странски интереси.
Преземени се истражни дејствија кон македонски државјанин надоврзан на странски фактори кои се креатори на пропаганден апарат со мрежа на портали интегрирани и во македонскиот медиумски простор, информираат од АНБ.
Извршен е претрес во неговиот дом при што се пронајдени и одземени предмети за кои во моментов се вши дополнително вештачење. Вистинските актери на оваа, како што нагласуваат од АНБ, пропагандна мрежа која е во функција на руските интереси, се кријат преку клонирани псевдо-портали регистрирани со македонски интернет домен.
Преку овие псевдо-портали се шират лажни вести, дезинформации и се врши преобликување на наративи за актуелни настани, со што се поткопува довербата во институциите и се поттикнува етничка и национална омраза и нетрпеливост.
-Агенцијата за национална безбедност во координација со други надлежни институции континуирано презема активности за откривање и попречување на пропагандна мрежа во земјава, која има деструктивна и малициозна агенда за остварување влијание врз јавниот дискурс, во корист на странски интереси. Во рамки на заеднички координирани активности на АНБ, МВР и ОЈО, на 18.09.2026 г. преземени се истражни дејствија кон македонски државјанин надоврзан на странски фактори кои се креатори на пропаганден апарат со мрежа на портали интегрирани и во македонскиот медиумски простор, се вели во соопштението.
Појаснуваат дека поради основано сомнение дека е сторител на кривично дело „Предизвикување национална, расна и верска омраза, раздор и нетрпеливост“ по член 319 од КЗ, „Одавање службена тајна“ по член 360 од КЗ и „Ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем“ по член 394-г од КЗ, бил извршен претрес во неговиот дом при што биле пронајдени и одземени предмети кои во моментов се предмет на дополнително вештачење.
-Вистинските актери на оваа пропагандна мрежа која е во функција на руските интереси, се кријат преку клонирани псевдо-портали регистрирани со македонски интернет домен. Преку овие псевдо-портали се шират лажни вести, дезинформации и се врши преобликување на наративи за актуелни настани, со што се поткопува довербата во институциите и се поттикнува етничка и национална омраза и нетрпеливост. Наведените активности се континуитет на претходно попречените проруски хибридни активности на македонски државјанин, надоврзан на овие пропагандни мрежи, за кого беше поднесена и кривична пријава за КД „Ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем“ по член 394-г од Кривичниот законик - се наведува во соопштението.
Од АНБ нагласуваат дека во рамки на своите надлежности ќе продолжат да преземаат активности во насока на детектирање и спречување на субверзивно-пропагандни активности преку мрежа на портали надоврзани на регионални проруски политички структури, со кои директно се поткопуваат стратешките евро-интегративни процеси на земјава.
МИА
Ново на Сител
-

Мицкоски до бруцошите: Каде и да одите, вратете се дома и заедно да се бориме за нашата Македонија
-

Петмина лекари од битолската болница обвинети за несовесно лекување на пациентка која починала
-

АНБ: Откриена мрежа на клонирани портали во Македонија, ширеле дезинформации во корист на руски интереси
-

Италија воведе забрана за бурки и никаби во училиштата – казни до 1.000 евра
-

Прв академски час на УКИМ - почнува студиската 2026/2027 година
-

Најладно во Берово, утрово измерени -2 степена
-

Нетанјаху го нарече „херој“ пилотот по нападот во кокпитот на „Флај Дубаи“
-

Почнува зимското работно време на паркизите на ЈП Градски паркинг - Скопје
