Македонија
16. November 2026 - 12:18

Од полноќ нови цени на горивата

Регулаторната комисија за енергетика во секој момент треба да ги објави новите цени на горивата по кои од полноќ тие ќе се продаваат на бензинските станици низ Македонија.

Имајќи ги предвид движењата на цените на берзите во текот на минатата недела, за очекување е денеска регулаторот да објави поевтинување.

Референтните цени на бензините и дизелот на медитеранскиот пазар бележат намалување, додека суровата нафта минатата недела поевтини за околу 2,5 проценти

Во моментов 95 октанскиот бензин чини 86 денари, а дизелот се точи за 94,50 денари за литар.