Loading Video...
Македонија
15. November 2026 - 16:26

Случајот Михаилова ја отвори пандорината кутија во Бугарија

Случајот со Ива Михаилова отвори нов политички скандал во Бугарија. По јавното признание на Михаилова дека бугарската Државна агенција за национална безбедност – ДАНС ја контролира и заканува се бараат оставки од првите луѓе на агенцијата. Пратеничката од опозициската „Демократска Бугарија“, Елисавета Белобрадова, најави дека не само оставка од директорот на ДАНС, ќе бара сите институции да бидат повикани на одговорност .

За скандалот ќе слушне и Брисел, најави бугарската опозиција. Тврдат дека Михаилова политички била искористена. Ко-претседателот на опозициската Да Бугарија, кој со уште еден негов колега биле дел од емисијата на бугарскиот јутубер кога го објавил видеото со признанија, тврди дека ова не прв пат ДАНС вака да се однесува. 

Признанието на Михаилова е потврда за силното влијание на тајните служби и политиката во целиот случај, оценува првиот човек на Институтот за демократија, Трошановски. 

Случајот со Ива Михаилова не е единствениот што ја актуелизира темата за односите со Македонија во бугарскиот политички контекст, особено во период пред избори. Слично внимание привлече и случајот со Христијан Пендиков, во 2023 година стана предмет на силни реакции од бугарските политичари и институции, во пресрет на предвремените парламентарни избори во Бугарија. Јавно познати се и случувањата со бугарските клубови во Битола и Охрид.