АНБ разоткри терористичка мрежа: Се подготвувал атентат во Грција по инструкции од Иран

Криминална мрежа во Македонија, по инструкции на ирански државјанин поврзан со разузнавачките структури на Иран, подготвувала атентат врз однапред одредено лице во Грција. Ова го откри директорот на Агенцијата за национална безбедност (АНБ), Бојан Христовски, посочувајќи дека операцијата за разоткривање траела девет до десет месеци.
Според Христовски, мрежата ја предводел иранскиот државјанин Едрис Јахангири Маванех, за кого постојат индиции дека соработувал со иранските разузнавачки служби и имал контакти со наркобосот Наџи Шарифи Зинташки. Членовите на мрежата, лица од домашните криминални структури, наводно преземале логистички подготовки за планираниот напад.
Во координација со странски партнерски служби, АНБ открила дека осомничените одржувале тајни средби во трети земји, меѓу кои и во Иран, каде што ги потврдувале контактите со Маванех.
Христовски нагласи дека засега нема сознанија за подготвување терористички напади на територијата на Македонија, ниту за закани кон македонски државјани.
Директорот на Бирото за јавна безбедност, Александар Јанев, соопшти дека во акцијата се опфатени шест лица. На четири им е одреден притвор, едно е во куќен притвор, додека шестото лице сè уште е недостапно за органите на прогонот и по него се трага.
Од АНБ најавија дека заедно со домашните и странските партнерски служби продолжуваат со активностите за откривање вакви мрежи и спречување потенцијални терористички закани.
Ново на Сител
-

Собранието ги продолжи прекинатите опозициски пратенички прашања
-

Осум месеци затвор за Игор Дашковски за палењето на автомобилите на бугарската амбасада
-

Итната помош од Прилеп доби 3 нови возила, но недостасуваат уште 4 доктори, 8 медицински сестри и 6 шофери
-

Преглед на вестите од светот
-

Градоначалникот на Скопје даде отчет за сработеното за првата година од мандатот
-

Протест на Форум на жени на СДСМ
-

Тема на денот со Александар Спасов, универзитетски професор
-

Се прават напори родителите на предвремено родените бебиња да добиваат еднократна парична помош од државата
