Македонија
1. September 2025 - 16:33

АНБ скандал: Обвинителството без конкретни детали

Обвинителството за организиран криминал и корупција постапува по трите предмети за следење на комуникации од страна на поранешното раководство на АНБ. 

Од ОЈО ГОКК до овој момент само потврдуваат дека трите предмети се распредели кај јавен обвинител. Откако од агенцијата во петокот брифираа дека на оваа листа се наоѓале новинари, јавен обвинител, министер од владата на СДСМ, но и тогашниот лидер на опозицијата Христијан Мицкоски, засега од обвинителството нема детали што е превземено, ниту потврда кои лица биле следени од АНБ.  

Меѓу оние кои изразија сомнеж дека во овој период биле мета на АНБ е и Вилма Рускоска, која од 2018та го предводеше обвинителството за организиран криминал и корупција, а кон крајот на 2023та беше разрешена. Но вели дека до овој момент не е контактирана од ниту еден надлежен орган.  

По спроведена темелна истрага од АНБ во петокот брифираа дека била откриена група од 10тина вработени меѓу кои еден поранеше директор на агенцијата, кои во периодот од 2019та до лани, ресурсите на АНБ ги користеле за лични интереси и пресметка со неистомисленици.

Се корсителе сите можни средства за незаконско следење на нивните комуникации, намерно се одолговлекувале безбедносните проверки за добивање на сертификати, а незаконски добиените информации се користеле и за изрекување мерки притвор во судски постапки.

Што точно се случувало и кој се бил мета на поранешното раководство на АНБ, одговори треба да дадат јавните обвинители за организиран криминал и корупција.