АНБ со документарен филм за историјата, сегашноста и иднината на безбедносната Служба

По повод Денот на Агенцијата за национална безбедност промовиран е документарен филм „Чувари на тишината“ кој ја раскажува приказната за развојот на безбедносната Служба од формирањето на ОЗНА во 1944 година, преку УДБА, СДБ и безбедносните структури во независна Македонија, до формирањето на Агенцијата за национална безбедност во 2019 година.
Филмот, преку архивски материјали, сведоштва и визуелни реконструкции, ја отвора и темата за работата на современата безбедносна служба и предизвиците со коишто денес се соочува државата.
Посебен фокус е ставен на три значајни области од работата на Агенцијата и тоа контратероризмот, контраразузнавањето и борбата против организираниот криминал и високите форми на корупција.
- „Чувари на тишината“ носи и лични сведоштва од поранешни и актуелни оперативци, кои зборуваат за природата на работата, одговорноста и предизвиците што најчесто остануваат далеку од очите на јавноста. Како што се истакнува во филмот, најголемите резултати на оваа работа честопати се оние што не се гледаат, туку се оние што ја прават разликата. На крај се прикажани изјави од носители на високи државни функции и раководители на институции со кои АНБ соработува, кои зборуваат за важноста на партнерството и заедничките напори во справувањето со предизвиците и ја честитаат годишнината на Агенцијата. Филмот е обид преку досега ретко виден пристап да се доближи работата на безбедносната Служба до јавноста и да се прикаже нејзината улога во заштитата на државата и нејзините граѓани. „Чувари на тишината“ е приказна за историјата, работата и луѓето кои стојат зад безбедноста на државата, велат од Агенцијата.
МИА
Ново на Сител
-

Официјално: Искра Хаџи Василева победи на денешните избори
-

Најмалку 64 мртви и повеќе од 179 повредени во судирот меѓу двата воза во Шпанија
-

Во двата воза што се судрија во Шпанија имало над 544 патници
-

580.000 евра од Германија легнале на сметка на 71-годишна жена од радовишко – со парите синот градел бесправно и купувал имот
-

Мицкоски му честитал на Срдановиќ за изборната победа, очекува продлабочување на економската соработка со Србија
-

Стојна не се откажува од наплатата за Куклица – се заканувала на посетители, па полицијата ја привела
-

Охрид: Египќанец украл телефон и пари од гости во хостелот каде што престојувал
-

35-годишна жена нападнала полицаец во Куманово
