Македонија
28. October 2026 - 21:17

Искра Хаџи Василева е новата шефица на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција

Обвинителката Искра Хаџи Василева е новата шефица на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција. Со 64 гласа од обвинителите Хаџи Василева победи во трката во која влегоа уште четворица кандидати. Според преброените гласови , трката била тесна меѓу Хаџи Василева и обвинителот Пеливанов за кого гласале 57 колеги.

Според Советот, од вкупно 187 јавни обвинители со право на глас, гласале 175, додека 12 не го искористиле своето право на глас. Четири гласачки ливчиња биле неважечки.

Обвинителкатаа Хаџи Василева треба да го наследи Ислам Абази, чиј мандат завршува кон средината на идниот месец откако стапи на функцијата во 2022ра година.

Искра Хаџи Василева во моментов го застапува обвинението во судскиот предмет против апелацискиот судија Ѓоко Ристов, кој се товари за противправно стекнување и прикривање имот и перење пари, откако беа откриени 350 илјади евра скриени во ѕидот на неговите родители во Неготино.