Граѓаните ќе можат да вадат документи преку телефон - промовирана е новата апликација М.услуги
Заборавете на редиците пред шалтерите, загубено време, излез од работа, фасцикли со документи, од денеска со еден клик на мобилниот телефон ќе добиете електронски паричник со сите лични документи. М.услуги е новата мобилна апликација преку која во дигитална форма ќе ги имате со вас личната карта, возачката дозвола или потребните образци за статусот на вработување.
Овие документи на почеток ќе може да се користат во банка, во некој локал или доколку треба да докажете дали сте полнолетен граѓанин а без притоа да ги споделите сите детали од личните документи како матичен број, бројот на личната карта. ПРеку апликацијата ќе може да ги симнете и М1 и М2 обрасците за статусот во агенцијата за вработување.
Симнувањето е едноставно а преку порталот услуги гов мк може да се регистрирате и да ги преземете веднаш документите.
За почеток се достапни само овие услуги, но министерот Андоновски најави дека се стремат за неколку години се што е на хартија и што бара време за одење по шалтери да содржи оваа апликација. Преку измена на неколку законски одредби, личните документи ќе бидат од корист и во сообраќајот пред полицијата но и во институциите.
Поефикасните електронски услуги оцени дека ќе донесат придобивки и за граѓаните и за компаниите а администрацијата ќе може да се фокусира на суштинските работи и одлуки во својот домен порача премиерот Мицкоски.
Се осврна на реформите и рече дека дел од обврските во рамките на Реформската агенда и Планот за раст на Европската Унија веќе се исполнуваат преку законски измени, развој на дигиталната инфраструктура и унапредување на електронските услуги.
Една од најголемите предности на дигиталниот паричник на ЕУ е практичноста а Македонија е прва држава во регионот која предничи во овој процес порача евроамбасадорот кој ја пофали државата што успеала да ги исполни барањата од реформската агенда во областа на дигитализацијата.
Апликацијата е целосно безбедна и енкриптирана со највисок степен на заштита па граѓаните не треба да стравуваат од злоупотреба на дигиталниот паричник. Владата има за цел секоја државна институција и потреба од јавната администрација да биде достапна од телефон за граѓаните но и за компаниите. Најавија проширување на бројот на услуги и документи достапни преку м.Услуги. Апелираа на поддршка и дигитално поврзување од сите институции.
-

Мирјана Давидовска
Сите содржини од овој новинар
