Андоновски: Досега забранети 250 онлајн приредувачи на игри на среќа без лиценци, до крајот на месецот очекувам уште 50 да бидат забранети
Забранети се околу 250 онлајн приредувачи на игри на среќа, кои немаат извадено лиценца во Македонија, информираше денеска министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски.
-Тоа е битка на нашата генерација и мора да се справиме со нелегалното приредување на онлајн игри на среќа. Затоа што е пандемија којашто ги зафаќа сите граѓани, особено таргет се младите, бидејќи не можат да играат исгри на среќа со лична карта, ги земаат документите на своите родители и нелегално се приредуваат игри на среќа. Потоа имаме украдени пари, банкарски податоци, украдени банкарски картички итн, вели Андоновски кој во Свети Николе одговараше на новинарско прашање, како тече процесот на затварње на онлајн приредувачи на игри на среќа, кои работат нелегално.
Посочува дека секој месец имаат активности и процесот трае во континуитет. Очекува до крајот на месецот забрана за уште 50 онлајн приредувачи на игри на среќа без лиценци. Министерот Андоновски забележува дека на овој начин се заштитуваат и младите луѓе како што рече „од овие предатори на интернет“, а на коишто им е целта да ги украдат податоците на граѓаните, а потоа и да ги злоупотребат.
Ново на Сител
-
Што ја гуши Преспа со Јован Тозиевски | Неформално | Sitel Podcast 111
-
На ГП Богородица се чека 40 минути, на ГП Дојран 20, а на ГП Табановце 30 минути
-
ЦУК: Регистрирани 12 пожари на отворен простор, четири изгаснати
-
Кремљ: Средба меѓу Путин и Зеленски треба да биде добро подготвена
-
Јавниот автобуски превоз во Скопје утре по неделен возен ред
-
МОН: Учебници за сите ученици на стартот на новата учебна година
-
Полицаец обвинет за давање поткуп на колега на ГП Долно Блаце
-
Четири возила кај „Зебра“ изгореа во пожар