-->
-->
Андоновски и Ангеловски ќе ги промовираат новите електронски услуги на Државниот инспекторат за земјоделство
-->

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски и директорот на Државниот инспекторат за земјоделство, Ивица Ангеловски денеска ќе одржат прес-конференција по повод промоција на нови електронски услуги на Инспекторатот.
Во соопштението на Министерството за дигитална трансформација се наведува дека станува збор за две услуги - уверение за квалитет – сертификат за земјоделски производи, преработки и стоки и уверение за квалитет В1 – сертификат за извоз на вино.
Услугите се наменети за компаниите и отсега се достапни електронски преку Националниот портал за услуги – uslugi.gov.mk.
МИА
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Доајенот на македонското глумиште замина во легендите, почина актерот Гоце Тодоровски
-

Временските промени опасност за посетителите на планина
-

Преглед на вестите од светот
-

Во Гостивар има техничка вода, но не е за пиење
-

Дополнетиот ребаланс на Буџетот на пленарна седница
-

Нова надеж за повредените штркови
-

Тема на денот со Стојанче Ангелов
-

Нов раст на болни во Гостивар
