Андоновски: Имаме капацитет за спроведување дигитален попис, во 2026-та ако бидеме подготвени
На Самитот на Западен Балкан за дигитализација што ќе се одржи на 1 и 2 октомври во Скопје ќе биде претставена македонската апликација за дигитална лична карта и возачка дозвола. Од тој ден електронскиот облик на овие документи ќе биде тест верзија и ќе може секој граѓанин да ја симне.
-Електронска верзија на лична карта и возачка, а тука и сите услуги ќе се развиваат. Тоа е електронски паричник како што е познато во Европската Унија, алтернатива е за луѓето да не носат со себе лични документи и ќе може да ги чуваат во електронска верзија. Грција е одличен пример, а се уште многу зад нас се останатите држави од Балканот, изјави вечерва министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски во Дневникот на ТВ Сител.
По донесувањето на пакетот закони за дигитална трансформација од реформската агенда денеска во Собранието, Андоновски истакна дека тоа е сериозен зафат и оти по темелна дискусија се донесени квалитетни законски решенија на ниво на Европа и усогласени со легислативата на ЕУ за дигитална трансформација.
Андоновски во интервјуто истакна дека постојано се развива порталот uslugi.gov.mk со се повеќе нови услуги за граѓаните и дека се зголемува и бројот на корисници кој достигнал 6300. Задоволен е, рече, што сега овој портал за електронски услуги го користат и институциите, посочувајќи ги судовите кои ги прифаќаат сите потврди, како на пример за неосудуваност. Најави дека ќе згасне е-системот за вадење изводи од Управата за водење матични книги за да нема два паралелни како досега, така што изводите ќе се вадат само преку порталот uslugi.gov.mk. За поголема функционалност и интеракција со корисниците ја најави услугата „Електронско сандаче“ што ќе биде адреса на порталот на која корисниците ќе ги добиваат сите информации и известувања.
Во врска со можноста за спроведување електронски попис, за што денеска се осврна и премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање, министерот Андоновски истакна дека „имаме капацитет за спроведување“ и оти и во програмната на Владата е ставено дигитален попис да се спроведе во 2026 година.
-Свесни сме за недостатоците на пописот од 2021, за што алармиравме уште тогаш дека методологија не е добра и тоа сега се покажа со одлуката на Уставниот суд. Затоа во почетокот на април бевме задолжени од Владата да формираме работна група за дискусија кои услови треба да се создадат за дигитален попис во 2026, рече Андоновски.
Посочи дека за таа цел ќе се работи активно на прочистување на базите од други институции за се направи добра подготовка со што дигитален попис би се спровел уште во 2026 наместо редовниот период по десет години.
- Таргетот е 2026-та. Сакаме да ја вратиме довербата на граѓаните во системот. А дали ќе се спроведе тогаш или редовно во 2031, треба да бидеме подготвени, додаде министерот, посочувајќи ја Словенија како пример на држава која има „одлична дигитална алатка за попишување“.
Собранието денеска на 58. седница донесе четири закони за дигитална трансформација од реформската агенда. Изгласани беа Законот за електронските комуникации, Законот за безбедност на мрежни и информациски системи, Законот за изменување и дополнување на Законот за електронски документи, електронска идентификација и доверливи услуги, Законот за архивски материјал и архивска дејност.
Ново на Сител
-
Трамп: Ќе се случи нешто во Украина, работите ќе се средат
-
Андоновски: Имаме капацитет за спроведување дигитален попис, во 2026-та ако бидеме подготвени
-
Скопје денеска со третата највисока температура во Европа – 41,7°C
-
Орбан: Да бараме од нашите семејства да плаќаат 3,5 пати повеќе за гас? Тоа не е лидерство, туку економско самоубиство
-
Путин: Русија ќе ги намали воените трошоци и е отворена за преговори со Украина
-
Рекордни температури и пожари на Балканот, се очекува разладување за викендот
-
Вицепремиерот Николоски учествува на Форум за министри за транспорт во Истанбул
-
Сиљановска-Давкова ги прими припадничките на Армијата кои успешно ја завршија обуката во САД