Андоновски наредната недела на средба со претставници на Здружението на инфлуенсерите

Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски денеска од Штип најави дека се можни промени, односно законски измени, со кои се регулира работата на инфлуенсирите, а за што Агенцијата за аудио и аудиовизуелните медиумски услуги (АВМУ) има донесено и правилник.
- Постои правилник донесен врз основа на измените на законот од 2023 година, кој стапи во сила пред некој месец, со што се бара задолжителна регистрација на инфлуенсерите, ги слушнав и коментарите на новото Здружение на инфлуенсерите и мислам дека вреди да се дискутира за овие прашања. Да најавам дека можни се и промени затоа што не сметаме дека треба ригидно да бараме од креаторите на содржини да се однесуваат исто како и платформите за споделување на тие содржини, односно да бараме толку високи критериуми од страна на физички лица што повремено или постојано се занимаваат со оваа работа - изјави Андоновски.
Тој додаде дека инфлуенсерите ги споредува со колумнисти и, како што рече, ако не се бараат високи критериуми за регистрација и еден ригиден пристап кон креаторите на содржина во традиционалните медиуми, не гледа зошто би требало да има и толку ригиден пристап кон оваа група луѓе.
Министерот Андоновски истакна и дека неформалниот водич, кој беше донесен, создал дополнителни недоразбирања.
- Беше донесен и еден неформален документ, наречен водич, кој донесе дополнителна забуна затоа што станува збор за неформален документ кој нема правна важност, а се сфати или се презентира дека е задолжителен за употреба за оваа група креатори на јавното мислење. Тоа создаде дополнително недоразбирање помеѓу едната и другата страна - рече Андоновски.
Министерот за дигитална трансформација Андоновски денеска од Штип најави средба со Здружението на инфлуенсерите за следната недела, на која ќе се дискутираат сите отворени прашања.
МИА
Ново на Сител
-

ЛШ: ПСЖ со пресврт победа над Монако, Реал го преживеа пеколот во Лисабон
-

Се намалуваат водостоите на реките
-

Не паркирајте под дрвја поради силен ветер, апелира „Паркови и зеленило“
-

Ѓорѓиевски: Службите на терен по неповолните временски услови, апелирам на внимателност
-

Панчевски поднесе кривична до членовите на Советот на обвинители
-

Николоски: Први чекори кон директна авиолинија од Саудиска Арабија
-

ЦУК: Намалено нивото на реката Вардар, во моментов нема опасност од излевање
-

Одлета конструкција од кров на училиште поради силен ветер во Гевгелија
