Јаневска за Сител: Законот за високо образование е во интерес на сите, издржаните предлози ќе се прифатат
Законот за високо образование нема да биде повлечен, а забелешките на опозицијата се неоправдани – министерката за образованите Весна Јаневска во интервју за Сител ги демантира обвинувањата дека со законот ја нарушува автономијата на универзитетите, а министерот станува најмоќна фигура која може да укинува универзитетски одлуки.
Наспроти тврдењата за обединетост на професорите од Правен и низата забелешки, Јаневска смета дека тие се малцинство наспроти ставовите и на студентите и на професорската фела дека измени мора да има.
Со измените сега и децата на професорите ќе можат да се вработуваат на истите факултети, но ова не значи дека ќе се замиже пред непотизмот , децидна е Јаневска.
Обврската за реизбор и објавување на трудови во списанија со инпакт фактор, но и бројката на нивно цитирање стануваат пресудни за напредок. Според ресорната министерка за првпат со закон се овозможува доживотно да се задржи стекнатото звање, но мора да ги исполни условите.
Ќе се ограничи вонредното студирање од следната генерација, потврди Јаневска, но само на одреднеи факултети. Ввонредно нема да може да се стане ниту педагог ниту лекар, ниту на новиот факултет за високи медицински сестри, во интерес на граѓаните.
Според министерството измените ќе значат подобрување на високото образование во интерес на сите. МОН очекува конструктивни предлози за законското решение, доколку се издржани, ќе бидат вметнати во истото.
-
Ивана Соколовиќ Најдова
Сите содржини од овој новинар
