Андоновски: Реализирано ветувањето за Центар за услуги во Прилеп

Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски и градоначалникот на општина Прилеп, Дејан Проданоски, денеска го посетија Центарот за услуги во Прилеп, воспоставен како резултат на соработката меѓу Министерството за дигитална трансформација и Општина Прилеп.
Отворањето на Центарот беше најавено од министерот Андоновски при неговата последна посета на Прилеп. Со неговото ставање во функција административните услуги достапни преку националниот портал uslugi.gov.mk им се доближуваат на граѓаните од Прилеп и околината.
- Ми претставува особено задоволство што почна со работа Центарот за услуги во Прилеп, заеднички проект на Министерството за дигитална трансформација и Општина Прилеп, сместен во просториите на даночното одделение на Општината. Особено ми е драго што услугите достапни преку националниот портал за електронски услуги сега им се достапни на граѓаните и преку оваа канцеларија. Ветивме Центар за услуги во Прилеп и тоа ветување денес го реализираме. Прилеп доби и вај-фај зона со бесплатен интернет, што е уште една потврда дека градот го вклучуваме меѓу приоритетите во процесот на дигитализација и дека најавените проекти ги претвораме во конкретни резултати - изјави Андоновски.
Центарот функционира по принципот едношалтерски систем овозможувајќи им на граѓаните на едно место да добијат информации, поддршка и пристап до услуги од повеќе институции.
Градоначалникот Проданоски се заблагодари за континуираната поддршка и за тоа што Прилеп е високо меѓу приоритетите на Министерството за дигитална трансформација.
- Оваа Влада и оваа локална самоуправа функционираат според принципот ветено - сторено. Пред неколку месеци, заедно со министерот Андоновски, најавивме дека во Прилеп ќе биде отворен Центар за услуги, а денес тоа ветување е реализирано. Станува збор за заеднички проект на Општина Прилеп и Министерството за дигитална трансформација. Општината го обезбеди просторот, а преку воспоставениот едношалтерски систем граѓаните сега на едно место имаат пристап до услугите што се обезбедуваат и на локално и на централно ниво - изјави Проданоски.
Во рамките на активностите, министерот и градоначалникот го посетија и ООУ „Ристе Ристески-Ричко“, каде што извршија увид во донираната компјутерска опрема, обезбедена по иницијатива на Министерството за дигитална трансформација.
Донацијата има цел да го унапреди образовниот процес, да создаде подобри услови за примена на современите технологии во наставата и да придонесе за развој на дигиталните вештини кај учениците.
Во моментот во државата функционираат 16 центри за услуги, интегрирани со националниот портал за електронски услуги, преку кој се достапни 332 услуги за граѓаните и компаниите.
Министерството континуирано работи на отворање нови центри за услуги и во другите градови со цел електронските и административните услуги да бидат подостапни за сите.
МИА
Ново на Сител
-

Драма на летот над Македонија
-

Ќе има ли нови изборни правила до 15 јули? Власта со нов повик до опозицијата
-

ДПТ стана дел од владејачката коалиција
-

ВРЕДИ гледа вмешаност на ДУИ во скандалот на „Ќафасан“
-

Построги правила за студентите во домовите со новиот Закон за студентски стандард
-

Разоткриена ИПАРД шемата: Поткуп од 50 илјади евра за проект од половина милион
-

Летниот одмор годинава поскап за 15% од ланскиот
-

Следната недела ќе се знае дали Охрид ќе го задржи статусот на светско наследство
