Студенти по архитектура изработија идејни решенија за мултимедијален центар во Струмица
Мултимедијален културен центар со две кино сали, простории за дружење и креативна работа, студија за подкасти, кафулиња и зелени површини , ова се дел од содржините предвидени во студентските архитектонски решенија за нов објект во центарот на Струмица.
Станува збор за околу 20 идејни решенија изработени од 40 студенти по архитектура од Универзитетот Американ колеџ Скопје. Целта е да се понудат современи решенија за потребите на градот, особено на младите, кои би добиле нов простор за културни активности, работа и дружење.
За студентите, ова е значајно практично искуство, а најголем предизвик било да ги вклопат сите содржини на помала површина, со зачувување на амбиентот и подобра поврзаност со плоштадот.
Проектите се дел од соработката со oпштина Струмица и може да послужат како основа за реализација на дел од предложените решенија.
Според најавите, соработката со Факултетот за архитектура и дизајн ќе продолжи и во наредната академска година, кога студентите повторно би работеле на проекти за развојот на градот.
-

Зоран Ѓоргиев
Сите содржини од овој новинар
