Средношколците во пратеничките клупи - дебата за дигиталниот свет
Наместо арена за дневно политички препукувања,собраниската сала денеска беше место за дебата меѓу оние кои ги носат законите и оние кои допрва ќе ја градат иднината – средношколците.
Младите со свои аргумeнти, ставови и прашања им се спротиставија на пратениците, покажувајќи дека темите од дигиталниот свет и медиумската писменост не се само нивната секојдневна реалност, туку и прашања за кои се потребни правила, одговорност и критичко размислување.
„Сакам да ви порачам дека наместо тоа цело време да зборуваме за дека младите треба да се заштитат од манипулација, дали некогаш сме се запрашале, каков пример им даваме. Како можеме да очекуваме младите да развијат критичко мислење и отпорност кон дезинформации кога токму политичките субјети често ја користат манипулацијата како алатка за задржување на моќта?, 12.22 средношколка
Се отворија прашањата за социјалните мрежи, инфлуенсерите, и вештачката интелигенција.
Дали вие се согласувате на генерацијата до 15 години да и се ограничи пристапот до социјални мрежи?, Соња Мираковска, пратеничка.
-Мислам дека децата треба да бидат пуштени на улица отколку на интернетот, изјави средношколец.
-Децата ќе најдат начин како да го злоупотребат тоа, и да најдат начин како без тие ограничувања да им биде достапен интеретот, кажа друг средношколец.
Надлежните им порачаа да внимаваат како ги користат социјалните мрежи бидејќи тие не служат само за забава, туку и обликување на мислењето.
Настанот во Собранието „Што гледаш, кому веруваш“ го организираше Институтот за комуникациски студии во рамки на проектот „Компас“, финансиран од Владата на Обединетото Кралство, со поддршка на Британската амбасада Скопје.
-
Габриела Лескова
Сите содржини од овој новинар
