Андоновски: Значително зголемен бројот на услуги во Центрите за услуги, најавени и е-Киосци

Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски, одговарајќи на пратеничко прашање поставено од пратеничката Даниела Христова, информираше дека во изминатите години е забележан значителен раст на бројот на услуги што ги нудат Центрите за услуги низ државата.
Според неговите податоци, во првите пет години од нивното отворање функционирале само центрите во Скопје, Куманово, Тетово, Охрид и Битола, кои годишно нуделе помалку од 3.000 услуги. Во 2024 година бројот на услуги се зголемил на 5.700, додека во 2025 година достигнал 11.593 услуги.
Андоновски посочи дека во текот на 2024 и 2025 година биле отворени осум нови центри во општините Аеродром, Јегуновце, Штип, Кавадарци, Виница, Свети Николе, Неготино и Делчево, а во план е отворање центри и во Прилеп, Ресен, Крушево, Гевгелија, Гостивар, Кочани и Кратово.
Тој информираше дека од минатата недела граѓаните во Центрите за услуги можат да добијат изводи од матичните книги на родените, венчаните и умрените, потврда за слободна брачна состојба, уверение за државјанство, потврди од Агенција за вработување, потврди од Фондот за здравствено осигурување, Фондот за пензиско и инвалидско осигурување и Катастарот.
Министерот најави и поставување на терминали за услуги – е-Киоск, како практично решение за дигитална инклузија и побрз пристап до административни услуги. Како што истакна, терминалите ќе бидат поставени на фреквентни локации низ државата и ќе бидат достапни 24 часа, со јасно воден процес и визуелни инструкции прилагодени и за граѓани со пониско ниво на дигитални вештини.
Преку е-Киоск, граѓаните ќе можат да се идентификуваат со лична карта или пасош, да изберат услуга, да извршат плаќање и веднаш да го добијат потребниот документ. Овие терминали се особено значајни за руралните средини, повозрасните лица и граѓаните без постојан интернет-пристап.
МИА
Ново на Сител
-

Собранието ќе ја одржи 83. седница, на гласање новите состави на ДИК и КСЗД и измените на Кривичниот законик
-

Нетанјаху: Интересите на Израел ќе бидат задоволени за време на втората фаза од мировниот план
-

Товарниот сообраќај трет ден блокиран, ако нема решение запира и меѓународниот автобуски превоз
-

Трамп го предупредува Ирак да не го враќа Ал-Малики на функцијата премиер
-

Oблачно, кон крајот на денот дожд и снег
-

Андоновски: До крајот на годината околу 30 нови електронски услуги, плус 30 преку ЕУ
-

МНРиНТ: Бугарското МНР сѐ почесто се позиционира како рецензент на изјави на македонски политичари, наместо како партнер во суштински и европски ориентиран дијалог
-

Прекинато водоснабдување во населбата 11-ти Октомври во општина Кисела Вода
