„Андроид 16“ би можел да го носи кодното име „Баклава“
„Гугл“ продолжува да работи на нова верзија на „Андроид“ додека се чека официјалното објавување на „Андроид 15“. Според последните гласини, наредниот „Андроид“ ќе го има кодното име „Баклава“ – познатото слатко јадење од турската, македонската, босанската, ерменската, грчката, иранската и други кујни, објави „Индекс“.
„Андроид 15“ го доби кодното име „В.И.Ц“ – кратенка за „Vanila ice-cream“ (Сладолед од ванила).
Во рамките на компанијата, 16-от „Андроид“ сѐ уште неофицијално се нарекува „Андроид даблју“ (Android W) а кодното име „Баклава“ би можело да биде објавено следната година.
Се чини, „Гугл“ усвојува нови начини на развој на својот оперативен систем, каде што ознаката, т.е. кодот на називот ќе биде посложен, но ќе ја посочува и годината. Така, според гласините – кодовите за надградбите во 2025 година ќе почнуваат со буквата „б“. Овие промени сѐ уште не се официјално потврдени.
Ново на Сител
-
Пожарот кој избувна кај селото Косово Дабје близу планината Голак ставен под контрола
-
Земјотрес почувствуван во Кичево, Охрид и околината
-
Пожарот во Макпрогрес ставен под контрола, неколку пожарникари повредени при гасењето
-
Почесна артилериска стрелба по повод Денот на независноста
-
Премиерот Мицкоски ќе присуствува на пуштање во употреба на дел од автопатот Кичево - Охрид
-
Студентски протест најавен за утре во Белград - „Индексот е посилен од пендрекот“
-
Целосно затемнување на Месечината, ќе може да се гледа и од плоштад „Македонија“
-
Украина и Русија со меѓусебни напади, осум повредени во Киев