„Алта банка“ оди на продажба: Народната банка бара нов сопственик за 95 отсто од акциите

Во насока на изнаоѓање нов сопственик и создавање услови за натамошно стабилно работење на „Алта банка“ АД Битола, Народната банка ја објави постапката за продажба на доминантниот акционерски пакет во Банката. Станува збор за 372.742 обични акции, односно 95,336 проценти од вкупниот број акции, во сопственост на „Алта банка“ АД Белград – во стечај.
Како што соопшти Народна банка, продажбата ќе се спроведе преку Македонската берза на хартии од вредност, по моделот „сè или ништо“, што значи дека се продава целиот понуден акционерски пакет, без можност за купување само на дел од акциите.
Првата јавна берзанска аукција е закажана за 30 ноември 2026 година. Почетната цена е утврдена врз основа на тековната берзанска цена и изнесува 3.777 денари по акција.
-Доколку акциите не бидат продадени на првата аукција, следните аукции ќе се одржуваат последователно, на 1, 2, 3, 4 и 7 декември 2026 година. На секоја наредна аукција почетната цена ќе биде намалена за 10 отсто во однос на почетната цена на претходната аукција - велат од Народна банка.
Заинтересираните инвеститори треба најдоцна до 19 ноември 2026 година да достават барање до Народната банка за добивање претходна согласност за стекнување квалификувано учество во Банката, како и писмена изјава дека ќе ги уплатат средствата потребни за купување на акциите. На аукциите ќе можат да учествуваат лицата што ги исполнуваат законските услови.
Од Народна банка додаваат дека постапката е дел од активностите насочени кон обезбедување нов сопственик на Банката, создавање услови за нејзино натамошно работење и зачувување на интересите на штедачите и останатите клиенти.
МИА
Ново на Сител
-

„Алта банка“ оди на продажба: Народната банка бара нов сопственик за 95 отсто од акциите
-

„Тешко е да се биде оптимист“ - Гутереш не гледа скор крај на војната во Украина
-

Искра Хаџи Василева денеска ја презема функцијата шефица на ОЈО ГОКК
-

„Разговори за иднината во 12:05“: Нема амнестија за корумпираните политичари, незаконскиот имот мора да се одземе
-

Смртоносен пожар на туристичкиот остров Пукет, 11 загинати и 16 повредени | ВИДЕО
-

Експлозии во Ормуската Теснина: Два танкери налетале на мини, уште шест се запалиле
-

Дронови погодија три брода во Црното Море, Романија подготвува борбени авиони
-

Променливо облачно време со дожд попладне, температури до 16 степени
