Ангелов: Избегната катастрофа во Зелениково, пожар во 2 часот по полноќ се приближил кон куќите

Ноќва околу 2 часот по полноќ избил пожар на отворен простор веднаш над последните куќи во Зелениково, кој благодарение на локалното население и нивната брза превентивна реакција, како и брзата реакција на градоначалникот на Општина Зелениково и пожарникарите спречена е катастрофа и огнот е сопрен на неколку метри од последните куќи, информира директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов.
Ангелов, во видео од терен, информира дека околу 2 часот по полноќ добил телефонски поивик од женско лице со силно вознемирен глас дека пожарот се приближува кон нејзината куќа која се наоѓа во последниот ред, на ридот над Зелениково.
-Веднаш се јавив на дежурниот скопски пожарникар. Телефонот заѕвони само еднаш а веќе го слушнав неговиот глас од другата страна. Го известив дека во Зелениково најверојатно има опасен пожар после што тој веднаш ми кажа дека веќе знаат и нивното возило од станицата во Драчево итно тргнало кон посочената локација. Во меѓувреме, за пожарот бил известен и градоначалникот на Општина Зелениково, Коста Маневски кој во интерес на времето итно го стартувал општинското противпожарно возило кое што го набавиле пред извесно време и со него дошол непосредно до куќите каде што беснеел пожарот. Истовремено со него пристигнале и, од него алармираните, припадници на доброволното противпожарно друштво од Зелениково. Веднаш потоа започнале со гасење на пожарот кој се приближувал кон куќите - информира Ангелов.
Олеснителна околност, нагласи Ангелов, била претходната реакција на самите жители од последните куќи, кои направиле делумна заштита на неколку места прскајки со вода и сечејки критични грмушки и дрвја.
-Сите заедно успеале да ја сопрат огнената стихија пред да стигне до првите куќи. Голема благодарност до градоначалникот на Зелениково, Коста Маневски, кој итно, во 02.00 по полноќ се јавил на повикот на граѓаните, покажал присебност и наместо да губи време чекајки некој да дојде по противпожарното возило, самиот го стартувал и одвезол до местото каде што горел пожарот. Благодарност и до жителите кои што излегле да се борат против огнот изложувајки се притоа на значителен ризик, на лице место затекнав повеќемина од нив. Посебна благодарност до доброволните пожарникари од Зелениково без чие учество состојбата ќе беше сосем поинаква. Со нив договорив да влезат во Тимовите за брз одговор на ДЗС, а во знак на поддршка на доброволното пожарникарство им понудив Дирекцијата да им обезбеди заштитни униформи, противпожарни напртњачи и метли за нивниот иден Огнен тим во ДЗС - изјави Ангелов.
Ангелов, исто така, изрази благодарност и до скопските пожарникари чие што возило стигнало навистина брзо.
-Сите заедно ставија крај на оваа огнена стихија која можеше да уништи повеќе куќи. На крај, по којзнае кој пат, ве молам, внимавајте! Доволна е само искра за вистинска катастрофа - порача Анеглов.
Ангелов, како што информира, за пожарот бил известен во момент додека се наоѓал на патот кој води низ ловиштето Јасен, враќајки се од Македонски Брод каде што, како што нагласи, ги имале завршните договори за денешното гасење на пожарот кој е активен на висок, тешко пристапен и карпест терен.
МИА
Ново на Сител
-

Тема на денот со Бојан Кордалов, комуниколог
-

Мицкоски: Во посета на Брисел бев приватно со семејството и немав средби со политичари
-

Реакции по говорот на Вучиќ: МПЦ-ОА е темел на македонскиот идентитет, вели Мицкоски
-

Кој стои зад лажната вест дека скопската вода има ешерикија коли?
-

Јадранот гори: Хрватска и Црна Гора се борат со катастрофални пожари
-

Шест пожари и натаму активни
-

Итно е потребна трансплантација на срце кај охриѓанецот Дарко
-

Кебакоски: Трговците ни ја купија пченицата по 10 ден. за да ја продадат поскапо Стокови резерви, државата да ни даде по уште 5 ден. од кг.
