Ангелов: Очекувам чадењето од пожарот во Трубарево да биде намалено или целосно сопрено во текот на денот
Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) Стојанче Ангелов очекува во текот на денот чадењето од пожарот во Трубарево да биде намалено или пак целосно сопрено. Вели дека повеќе од половината е затрупан со песок, кој според совети од стручни лица, се држи воден, за да престане чадењето.
-Има камиони кои носат песок, со кој со механизација се затрупува пожарот. Има доволно механизација и кога би имало повеќе возила не би можело да се работи, затоа што станува збор за локација со потесни улици и потежок е пристапот, рече Ангелов на денешната прес-конференција во Владата.
Додаде дека за полесно да пристапат до локацијата бил направен насип на канал за да може да се движат возилата за локализирање и гаснење на пожарот.
Смета дека било направено се што е потребно и оти оптимално биле искористени сите ресурси. За гаснење на електронскиот отпад била побарана и помош од ОКТА и ТАВ Македонија, кои, како што рече, обезбедиле пена за гасење и ЦУК.
Пожарот го гаснеле скопски пожарникари, БТР возила, армиски и полициски хеликоптер и еден ер-трактор. Сето ова, нагласи Ангелов, овозможи пожарот да не се прошири и да зафати уште дав - три објекти во кои имало пластичен отпад.
Ангелов не сподели информации за тоа какви и колку штетни материи има во воздухот, истакнувајќи дека утрово тие секако се помали од вчера и оти „колку сте поблиску до местото на пожарот, толку загадувањето е поголемо“.
Најави дека надлежните институции во текот на денот ќе излезат со прецизни информации од извршени мерења.
Со оглед оти станува збор за локација која е на граница со населено место, на населението му беше препорачано да се евакуира, особено она што било во круг од околку 100 до 150 метри од локацијата на пожарот.
Ангелов нема информација дали и колкав број од населението што е во близина се евакуирало на други локации.
На новинарско прашање дали имало камери и обезбедување на опожарениот објект, директорот на ДЗС истакна дека не знае дали имало камери, но и оти ако имало тие изгореле во пожарот.
МИА
Ново на Сител
-
Дејан Митровски - Урко избран за член на Одборот на директори на ВАКО Европа
-
ИЈЗ: Нема отстапувања од нормалните референтни вредности што би укажале на радијација во воздухот
-
Познати противниците на нашите натпреварувачи на Европското јуниорско кикбокс првенство
-
Мицкоски: За пожарот во Трубарево приведени четири лица, истрагата е во тек, преземени се сите мерки
-
Мицкоски: Центри на моќ во и надвор од земјава стојат позади случувањата, пожари ќе има и во идниов период
-
Кај маж и жена од Гостивар пронајдени 37 пакувања со марихуана
-
Ангелов: Очекувам чадењето од пожарот во Трубарево да биде намалено или целосно сопрено во текот на денот
-
84-годишник сечел дрва, едно паднало врз него и го убило