Ангелов: Попладнево активни повеќе од 15 пожари, два од нив загрозуваат и населени места

„Ова е еден од најтешките денови оваа сезона на пожари на отворен простор. Имаме повеќе од 15 активни пожари во овој момент, околу 17 часот попладне. Два од нив загрозуваат и населени места, изјави попладнево директорот на ДЗС Стојанче Ангелов кој апелираше на поголема внимателност на гражаните, бидејќи, како што рече, доволна е искра за вистинска катастрофа.
-Пожарот којшто изби во непосредна близина на село Баница и Водоча, односно веднаш до Струмица, ги загрози дури и првите куќи од Струмица, е сопрен како што може да се забележи на неколку метри од самите куќи благодарение на брзата интервенција на храбрите струмички пожарникари, со поддршка на пожарникарите од Валандово и Радовиш коишто веднаш ги пратив овде да помогнат. Градоначалникот беше тука цело време, употребивме механизација максимално за правење на пресеки и помогна и еден ер трактор на Дирекцијата, вели ангелов.
Додаде дека за жал пожарот е сè уште активен од спротива во полето, и изрази надеж дека нема да се прошири кон другите села.
-Вториот тежок пожар е на територијата на општина Прилеп, некаде спроти гробиштата, над гробиштата, којшто ги загрози викендиците, односно викенд населбата непосредно во близина на гробиштата. Сега тој е ставен под целосна контрола, таму работеа пожарникарите од Прилеп, на коишто им честитам на ваквата жестока битка со огнот, со поддршка на тимот од Битола и тимот од Кавадарци коишто дојдоа нешто подоцна, како и два ер трактори на Дирекцијата за заштита и спасување, рече Ангелов.
Додаде дека тешки пожари има и на територијата на општина Желино, односно пожарот којшто е некаде спроти областа Карпалак, којшто гори високо во планината, но, како што истакна, може да загрози неколку викендици и земјоделски површини. Таму, нагласи, се наоѓаат тетовските пожарникари.
-Тежок пожар имаме и на територијата на општина Маврово и Ростуше, којшто е активен во текот на вчерашниот ден, доцна во попладневните часови, но и сега. Исто така, имаме тешки пожари непосредно коишто изби во непосредна близина на Драчево, над бензинската пумпа, таму е скопската бригада, очекувам бргу да го изгаснат. Повторно имаме реактивиран пожар над Китка, којшто исто така се заканува да тргне кон некои од блиските села, планински, полунапуштени села, вели Ангелов.
Потенцира дека пожари има и на други места во државата.
-За жал, нашите апели не уродуваат со плод, а високите температури коишто се блиску 40-тиот степен, ветерот кој што е засилен, но и го менува правецот, дополнително го отежнуваат гаснењето на овие пожари. Затоа апелирам до сите граѓани да бидат исклучително внимателни, затоа што доволна е искра за вистинска катастрофа, рече директорот на ДЗС Ангелов.
МИА
Ново на Сител
-

Рубио: Притисокот на САД врз сојузниците во НАТО да вложуваат повеќе во одбраната не е непријателска работа
-

Трамп: Секој што го користи терминот вештачка интелигенција е „непријател“
-

Алармантни бројки од Онкологија: Лани откриени 1.000 нови случаи на рак на дојка, 7.000 заболени се на активен третман
-

Муцунски: Добрососедските односи се суштински за европска интеграција, Коридорот 8 овозможува тој принцип да се оствари
-

Жена нападната и расечена со остар предмет од партнерот во Скопје
-

Кривична за угостител од Дебар, послужил алкохол на малолетник кој подоцна физички нападнал свој врсник
-

Повторно искршено детско игралиште во Кисела Вода: „Неколку пати се поправаше, сè е за ништо“
-

Кај 43-годишник од скопско пронајдени пушка, пиштол, муниција и шприцови со масло од канабис
