Ангелов: Пожарот во Јасен се влошува, но со брза интервенција е запрен
Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов информира дека состојбата со пожарот во Јасен се влошува и оти огнот на едно место се искачил до гребенот, но оти со брза интервенција е запрен.
-Состојбата на пожарот во Јасен повторно се влошува. Огнот тргна нагоре по гребенот. Се приближи кон зелениот пат кој ни е линија на одбрана за да не се префрли од другата страна. Овде се вработени во Јавното претпријатие Јасен поддржани од пожарникари од Македонски Брод, како и возачите и пинцгауерите на ДЗС, изјави Ангелов.
Според информациите од Центарот за управување со кризи, до 18 часот на територијата на државава има вкупно осум пожари на отворен простор, од кои активни се два, а изгаснати се шест пожари.
Активни се пожарите во Јасен, каде гори мешана шума и во село Калдарец, Китка каде гори мешана вегетација.
МИА
Ново на Сител
-
Независните кандидати не се закана за поголемите партии
-
Спасени 28 давеници во Охридското Езеро
-
Државата започна со откуп на пченица за стоковите резерви
-
Преглед на вестите од светот
-
Обвинението за пожарот во „Пулс“ чека оценка од судот
-
Трамп го прими Зеленски во Белата куќа
-
Тема на денот со ново избраниот декан на ФИНКИ, Петре Ламески
-
Партиски обвинувања за Еразмус+