Обвинението за пожарот во „Пулс“ чека оценка од судот
Обвинението за пожарот во кочанската дискотека се уште не е оценет.. Од кривичниот суд објаснуваат дека се работи за обемен предмет со 34 обвинети и три фирми, и според досегашната пракса, потребни се околу три месеци за оценка на такво обвинение.. Толку време му требало на судот да ги оцени и обвиненијата за случаите „Адитив“, „Синџир“ и „27 април“..
„Судот апсолутно го разбира интересот на јавноста за оваа постапка, но, законодавецот предвидел стриктни рокови и права кои мора да бидат испочитувани како од странките во постапката, така и од судот, се со цел да не се случат пропусти во постапката кои во иднина може да го компромитираат судскиот процес“, велат од Основен Кривичен суд – Скопје.
До денеска, судот добил 40 приговори од обвинети и нивните адвокати, а со нив веќе е запознаено и јавното обвинителство.. Дел од бранителите тврдат дека обвинението има многу недостатоци, а недоволно објаснети биле и причините за настанување на пожарот..
„По однос на вештачењето, обвинителството нема доставено никакви докази. Од што е предизвикан пожарот. Како е настанат пожарот. Не може да се оди по член 288 и 292 тој што предизвикува општа опасност. Тоа е како некој да има струен удар и да го обвиниш Никола Тесла дека ја измислил струјата. 1.51 Обвинителниот акт како таков е општ, се однесува за сите 34 обвинети. Морам да кажам дека е чуден и дека од адвокатска гледна точка, како бранител, сметам дека не е издржан“, изјави Ванчо Шехтански, Адвокат..
За пожарот во „Пулс“ обвинети се сопственикот на дискотеката, фирмата за обезбедување, тројца градоначалници на Кочани, двајца министри од економија, четворица директори на ДЗС, инспектори.. Сите се гонат за тешки дела против општата сигурност..
Обвинението беше поднесено во средината на јули до кочанскиот суд, но по две недели беше префрлено во кривичниот суд во Скопје..
Во меѓувреме, се уште трае истрагата за 27 осомничените полициски службеници..
-
Зоран Јаневски
Сите содржини од овој новинар