Ангелов: Силниот ветер ја влоши состојбата со пожарот во „Јасен“, но не се повлековме и ги сопревме пламените јазици
Состојбата со пожарот во ловиштето „Јасен“ пред неколку часа почна да се влошува поради силниот ветер кој почна да дува во попладневните часови. Постепено неговата брзина се зголемуваше, предизвика голема непријатност, пожарот се движеше со исклучително голема брзина, горејќи ги боровите стебла, создавајќи висока температира и густ црн чад, кој удираше на гребенот, изјави директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) Стојанче Ангелов.
Нашата цел, како што истакна, беше да го одбраниме гребенот и да не му дозволиме на овој пожар да премине преку гребенот, кон страна на село Брезница или кон скопската страна.
Ангелов информира дека било спречено ширењето на пожарот благодарение на вработените, раководителите и директорот на „Јасен“ и со поддршка од екипа пожарникари од општина Македонски Брод.
- Се создаваше голема количина чад, која не задушуваше, едвај дишевме, но не се повлековме и ги сопревме пламените јазици, изјави Ангелов од терен.
Тој информира дека на помош пристигнуваат пожарникари од Скопје, Велес и Куманово, кои, како што рече, ќе ги распоредиме, а поддршка добиваме и од вработените во општина Сопиште, кои вршат и дотур на вода, како и други активности.
- Тука се припадници на ЕБР, кои управуват со пинцгауерите на Дирекцијата. Ќе бидеме засилени со уште пет пинцгауери кои ни помагаат за движење по овој страотно тежок терен, истакна директорот на ДЗС.
ЦУК информираше дека до 18:00 часот на територија на цела држава има регистрирано 20 пожари на отворен простор, од кои седум се активни, еден е под контрола, а 12 се изгаснати.
Покрај „Јасен“, активни пожари има и во општина Студеничани, кај село Горно Количани и село Драчевица – планински врв Китка, во струшкото село Подгорци, кај прилепското село Беловодица – место викано Ливада и село Лењиште, во општина Долнени, кај селата Стровија и Долгаец, во општина Росоман: село Дебреште и во општина Кичево: село Душегубица.
Под контрола е ставен пожарот во општина Старо Нагоричане, кај село Канарево, каде беше зафатена ниска вегетација.
МИА
Ново на Сител
-
Ангелов: Силниот ветер ја влоши состојбата со пожарот во „Јасен“, но не се повлековме и ги сопревме пламените јазици
-
Претседателката Сиљановска-Давкова ќе ги отвори 64. Струшки вечери на поезијата
-
Во Албанија откриена прва статуа на Исус Христос во стилот на бразилската скулптура
-
Се уште активен пожарот во „Јасен“, изгаснати 12, еден под контрола
-
Турција ги затвори пристаништата за израелските бродови
-
Кривична против двајца поранешни раководители на АД Пошта за „несовесно работење во службата
-
Службеник од општина Шуто Оризари присвоил од општинскиот буџет 3.600.000 денари
-
Запленета поголема количина цигари без бандероли и дробен тутун во Тетовo, приведени две лица