Ангелов со апел за внимателност за Илинденските празници за да не се предизвикаат пожари
Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, денеска апелираше за внимателност за Илинденските празници, за да не се предизвикаат пожари.
- Апелирам до сите, за време на Илинденските празници, да бидат исклучително внимателни, бидејќи за миг може да настане пожар со катастрофални последици, рече тој.
Одговарајќи на новинарски прашања, тој појасни дека блек - хокот и силите од Словенија ќе останат овде најмалку седум дена.
- Доколку состојбата и понатаму се смирува и е мирна, тие ќе се повлечат по седум дена. Доколку дојде до повторно разгорување на некои сериозни пожари, доколку процениме дека на нашите капацитети би им била добредојдена поддршка од други сили, тогаш ќе разговараме за нивно понатамошно останување во државата. Имаме на располагање и пожарникари од други држави - Австрија, Франција, барања што веќе ги повлековме. Но, да потсетам дека летото е пред нас. Генерално минатите години околу Илинден имавме голем број на пожари. Тоа е период кога луѓето одат во природа, затоа е неопходна внимателност од сите, подвлече тој.
МИА
Ново на Сител
-
Претреси во Кавадарци и Неготино, пронајдена дрога, лишени од слобода две лица
-
Нападнати полицајци и затекнати малолетници со алкохол при контрола на Градскиот базен во Виница
-
Активен пожарот кај селото Стровија во општина Долнени
-
За пет години кириите во Европа пораснаа за 12,5 отсто
-
Нов силен земјотрес ги погоди руските Курилски Острови
-
Напади со дронови меѓу Русија и Украина во текот на ноќта
-
Илјадници луѓе протестираа во Израел барајќи договор за заложниците
-
Сончево со мала до умерена облачност, од утре промена на времето