Ангелов: Велешките пожарникари заштитија две села од пожарот, кој од Велес премина во Зелениково и во општина Студеничани

Во овој момент активен е пожарот, кој од Велес премина во Зелениково. Благодарност до велешките пожарникари кои значително го намалија и заштитија две загрозени села. Во Македонски Брод пожарот е значајно намален. Имаме пожар на територија на општина Студеничани село Рамни Габер, но тој е оддалечен и не загрозува ниту едно село, изјави директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Стојанче Ангелов давајќи пладневен преглед за состојбата со пожарите во државата.
Карактеристичко за сите пожари, посочи тој, е тоа што никаде не гори квалитетна борова шума или друг тип шума.
- Во овој момент нема загрозени села. Депонијата во Кратово е целосно затрупана и не претставува опасност за загадување на воздухот. Во текот на вчерашниот ден имавме 29 пожари на отворен простор. Благодарение на брзата реакција, а понекогаш и повеќечасовната борба на пожарникарите со пожарите 23 од нив беа изгаснати во текот на вечрашниот ден и во ноќните часови, додека шест се активни ова утро,, рече Ангелов.
Тој потсети дека синоќа имаше вистинска драма во селото Чаниште оддалечено 30 км од Прилеп.
- Огнот навлезе меѓу селските куќи, но според информации кои ги добив додека бев во селото не е изгорена ниту една куќа во која живеат останатите жители во селото. Сите жители на селото ноќта ја поминаа во своите домови. Изгорени се неколку стари и напуштени куќи, можеби некои од нив се користеле за престој на нивните сопственици, рече Ангелов.
Посочи дека денеска овој пожар ќе го стават под целосна контрола.
- Втората ситуација ја имавме синоќа на пожарот на територијата на општина Јегуновце кој навлезе во атарот на селото Туденце и го загрози блискиот манастир. Упатив неколку тимови на Дирекцијата за заштита и спасување и тоа од доброволци од Гостивар, од доброволното друштво „Чаир“ од Скопје и едно друштво од Тетово, истакна Ангелов и воедно апелираше до граѓаните да бидат исклучително внимателни бидејќи е доволна само искра за вистина катастрофа.
МИА
Ново на Сител
-

Поради украинските напади врз рафинериите, Русија принудена да увезува горива
-

Во Грција досега регистрирани 157 случаи на вирусот Западен Нил, починаа 13 лица
-

Кривичнa за четири лица од Прилеп, го оштетиле буџетот на Тутунски комбинат Прилеп за над 3,3 милиони денари
-

Водата во Северното Море со рекордно висока температура од 21,5 степени
-

Активни пожарите во Мариовско и општините Студеничани, Македонски Брод, Кичево и Могила
-

Шпанија ќе премести околу 500 малолетници од Сеута во континенталниот дел на земјата
-

Принцот Хари и неговата сопруга Меган се враќаат во Велика Британија
-

Сеул проценува дека Северна Кореја има до 120 нуклеарни боеви глави
