Македонија
19. August 2026 - 16:37

Охриѓанецот Дарко со владин авион транспортиран во Берлин

33 годишниот охриѓанец Дарко Најдевски кој 7 години чека трансплантација на срце со владин авион транспортиран во Берлин Германија.

Пациентот претходно подолго време се лекувал на Клиниката за кардиохирургија и бил квалификуван за трансплантација на срце. Поради влошување на неговата здравствена состојба и потребата од итен третман, а поради недостаток на соодветен донор во земјава, итно е покрената постапка за лекување во странство.

Германскиот медицински центар го прифати пациентот за стабилизација и подготовка за оперативниот зафат, каде што сега се чека појавувања на соодветен донор за да се изврши трансплантацијата на срце“,) посочуваат владини извори на денешниот брифинг.

Неговата сопруга Ирена пред само неколку дена алармираше дека состојбата е критична и дека неговото срце повеќе неможе да издржи .

Инаку транспортот е реализиран преку Фондот за здравствено осигурување (ФЗО) и со поддршка од Министерството за здравство.