Loading Video...
Фудбал
14. April 2022 - 8:07

Англиско-шпански пресметки во полуфиналето на Лигата на шампионите

 
Англиско-шпански полуфинални дуели не очекуваат во полуфиналето на Лигата на шампионите. 
 
Откако Реал Мадрид и Виљареал си обезбедија полуфинале, синоќа тоа го направија англиските претставници Ливерпул и Манчестер Сити. 
 
Тие ја сочуваа предноста од првите средби во четвртфиналето против Бенфика односно Атлетико Мадрид.
 
Ливерпул пропушти шанса и по втор пат да го совлада португалскиот претставник. Откако црвените го добија првиот меч на гости со 3-1, и на реваншот на „Енфилд“ водеа со 3-1, но на крајот мечот заврши без победник 3-3.
 
А нивниот ривал за титулата во Премиер лигата, Манчестер Сити, го преживеа „пеколот“ во Мадрид. Откако на првиот меч Сити славеше со 1-0, во реваншот „граѓаните“ одиграа без голови со Атлетико 0-0. 
 
Овој натпревар изобилуваше со голема борба, многу грубости, тепачка на теренот, многу жолти и еден црвен картот за домаќините. Но. Страстите мораше да ги смирува и шпанската полиција откако она што го започнаа на теренот, Савиќ и Фоден, продолжи во тунелот под трибините. Покрај Црногорецот, и хрватот Врсањко не можеше да се помири со елиминацијата, па се обиде физички да се пресмета со противникот, по што мораше да реагира и полицијата.
 
Сигурно дека овие случувања дополнително ќе ја подгреат и полуфиналната атмосфера во дуелите мадридскиот ривал во полуфиналето Реал. 
 
Првиот меч меѓу Манчестер Сити и Реал Мадрид ќе се игра на 26 април во Англија, а реваншот во Шпанија е на 4 мај. 
 
На англиско тло ќе се одигра и првиот полуфинален дуел меѓу Ливерпул и Вилјареал на 27 април, додека реваншот е на 3 мај.