Фудбал
11. јуни 2026 - 21:01

Рекордна заработка очекува ФИФА од Светското првенство

Заработка од над 11 милијарди долари очекува ФИФА од Светското фудбалско првенство, што е рекорд во историјата на фудбалот. Во официјалниот буџет Фифа предвидува приходи од 8,9 милијарди долари, од кои 4,2 милијарди само од телевизиски права, 3 милијарди од продажба на билети и сместување, над 1,7 милијарди од спонзорства и маркетинг права.

Сепак, од пренството, кое ќе се игра во САД, Канада и Мексико, придобивки  ќе имаат економиите во сите земји. Традиционално, натпреварите се гледаат во локали и кафулиња , па така ефектите врз глобалната економијата  се проценуваат на над 80 милијарди долари. Овде спаѓаат приходите  од туризам, транспорт, угостителство, трговија и други услуги.

Според некои анализи ,турнирот може да придонесе со над 41 милијарда долари кон глобалниот БДП. Рекордна заработка очекуваат и македоснките угостители.

Инаку ова Светско првенство ќе биде најголемо досега. Играат 48 репрезентации, ќе има 104 натпревари и се игра во 3 земји домаќини. Току поради тоа Фифа очекува двојно повисоки  приходи во споредба со Катар во 2022, кога инкасираше 7,5 милијарди долари.

Добро ќе заработат и фудбалскиите екипи кои учествуваат.Вкупониот  пакет за учесничите изнесува 871 милион долари.

Наградниот фонд за репрезентациите изнесува 655 милиони долари., а светскиот шампион ќе добие 50 милиони долари, финалистот 33 милиони, третопласираниот 29 милиони и четвтопласираниот 27 милиони долари. Секој учесник добива најмалку 10 милиони долари за пласман плус 2,5 милиони за подгтовка.

ФИФА очекува над 6 милиони навивачи на стадионите и околу 6 милијарди луѓе глобално да го следат  турнирот преку Тв екраните или на дигитралните платформи. Цената на билет за натпревар изнесува од 60 до 120 доларио за групната  фаза, додека за полуфинале картите се продават од 400 до  500 евра. Гледањето пак на финалето во живо ќе чини најмалку 2,0000 долари за карта.