Анкета: Голема поддршка за системот Безбеден град и законот кој треба да забрани пушење на јавни места
Голема поддршка за проектот Безбеден град и законот кој треба да забрани пушење на јавни места, покажува вториот дел од анкетата на Маркет вижн за МКД МК.
Речиси 45% од граѓаните кои живеат во градови каде се поставен сообраќајни камери сметаат дека системот и одличен и потребен. 31% сметаат дека се потребни измени, а 20% од граѓаните не го поддржуваат проектот на МВР. Две третини од испитаниците во чие место на живеење не е применет овој систем ја поддржуваат идејата за постанување камери и во нивниот град.
Токму имплементација на овој систем во што повеќе градови е најчестиот предлог на граѓаните на прашањето какви измени треба да претри проектот. Дел од граѓаните сметаат дека е потребно да се подобри сообраќајната сигнализација или камери да се поставуваат само на критични точки, а не насекаде.
Над 83% од граѓаните се запознаени со предлог законот за забрана за пушење, а мнозинството од нив, односно 65,5% поддржуваат да се забрани пушењето на јавни места, додека близу 27% се против.
Анкетата го мери и задоволството на граѓаните од работата на градоначалниците по 5 месеци од нивниот мандат. Секој втор скопјанец е задоволен од работата на градоначаникот Орце Ѓорѓиевски, додека речиси 45% не се задоволни. Две третини од граѓаните сметаат дека Ѓорѓиевски веќе ги спроведува дадените ветувања на изборите.
На ниво на држава, 56% од граѓаните се задоволни од работата на своите градоначалници и сметаат дека ги спроведуваат предизборните ветувања.
Сепак, во сите општини граѓаните бараат поголема ажурност за савување со хигиената која ја сметаат за најголем проблем. На второ место е јавниот превоз, потоа урбанизацијата, паркингот, кучињата скитници и загадувањето на воздухот.
Вчерашниот дел од истата анкета пак кој го мереше рејтингот на партиите и политичарите и денеска е тема на меѓусебни обвинувања.
Опозицијата и денеска вели дека рејтингот на власта расте заедно со растот на цените за живот.
Цените до плафон – рејтингот до плафон. Во маркетите – шок а во фрижидерите на граѓаните – празнина. Доаѓа Велигден, следат подготовките. Е тогаш, секое македонско семејство ќе го провери „рејтингот“ на власта – директно во својот фрижидер. Нема поголема анкета од оваа. Нема поголема вистина за рејтингот од празната трпеза, стои во писменто соопштение на СДСМ
Анектата на Маркет вижн е споведена од 2 до 18 март, на реперезентативен примерок од 1200 испитаници.
-
Деспина Tодоровска
Сите содржини од овој новинар
