СДСМ поднесе интерпелација за гувернерот Трајко Славески
СДСМ поднесе интерпелација за гувернерот Трајко Славески.
Лидерот на партијата вели дека и по речиси еден месец откако Народната банка го превзема управувањето со Алта Банка, нема одговор на многу прашања.
Утре продолжува и надзорната расправа во Собранието, но Филипче вели дека ниту еден од поканетите сведоци нема потврдено присуство. Меѓунив и претседателката Сиљановска Давкова, како и членови на Управниот и Надзорниот одбор на банката.
Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека нема да дозволат одолговлекување на процесот, па за утрешната расправа имаа побарано присуство на двајца сведоци
Од Левица пак очекуваат построги постапки за оние кои не одговараат на поканите за присуство на седници, бидеќи на таков нечин покажуваат непочитување кон Собранието.
На првата надзорна расправа пред две недели на прашањата на пратениците одговраа премиерот Мицкоски, гувернерот Славески и министерката за финансии Димитриеска Кочоска.
-

Деспина Тодоровска
Сите содржини од овој новинар
