Македонија
20. December 2025 - 16:40

Анкета на ИПИС: ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски во убедливо водство

Премиерот Мицкоски ужива најголема доверба, тој има  дури пет пати повисок рејтин  рејтин го лидерот на СДСМ. Најновото истражување на ИПИС покажува дека 27.3 отсто од анкетираните имаат најголема доверба во Христијан Мицкоски додека во Венко Филипче веруваат 5.1 остсто.

Али Ахмети е лидерот од албанскиот политички блок кому најмногу веруваат со 9 проценти додека останатите лидери на партии во  коалицијата ВЛЕН имаат по 2 до 3ипол отсто доверба.

Доколку следната недела се одржат парламентарни избори, најмногу граѓани би гласале за владејачката ВМРО-ДПМНЕ.

На ова  прашање најголем процент 26.0 одговориле за ВМРО-ДПМНЕ, за СДСМ се изјасниле 9.6 отсто од анкетираните, за коалицијата ДУИ 8.9 за коалиција ВЛЕН 8.2 проценти.

13.1 отсто од анкетираните одговориле дека нема да гласаат за ниту една партија.

Анкетираните биле прашани какво е нивното мислење за работата на Владата на што позитивно одговориле 26.1. негативно 23.4 проценти.

Анкетата ја опфатила и една од моментално најактуелните теми за Сејф Сити системот.

Целосно го поддржуваат 69,3 отсто од анкетираните, до некаде го поддржуваат 12,6, воопшто не го поддржуваат овој проект 7.5 проценти.

Опозициската партија оваа анкета ја оцени како чист пропаганден потег на власта која доживува драматичен пад на довербата во Владата. СДСМ прашуваат зошто секои десет дена се прават нови анкети дали е тоа поради паника и страв.

-Сега, кога на сите им е јасно дека ВМРО-ДПМНЕ подготвува избори на пролет, а мигранти во јуни, тие веќе немаат ниту трошка поддршка од последните избори.По воведувањето на забраната на слободата на говор и објавувањето на вистината за криминалните тендери ДПМНЕ е во слободен пад.Кога веќе прават вакви анкети (веројатно испитаниците се „жители“ на Белата палата), можеле барем да излезат пред сопствената зграда и да постават едно вистинско прашање во анкетата — а можеби и го направиле?!

Од ВМРО ДПМНЕ ги повикаа да организираат протести против про српските ставови на Заев.

-Какви и анкети да прават, епилогот за СДС е ист и се сведува на реченицата - Угоре високо удолу длабоко. Апелираме да го наштелуваат чатботот од Белград, што им ги пишува соопштенијавa и да го направат да престане да ја следи логиката на Заев затоа што никој не им ги разбира веќе реакциите и народ се чуди како е возможно вакви глупости да објавуваат и ваква пропаст да се случи на таа партија.

Анкетата на ИПИС насловена како „Перцепција на граѓаните за рејтинг на партии и политичари“ беше спроведена на 1114 испитаници кои беа анкетирани телефонски во периодот помеѓу 15-18 декември.

Истражувањето е реализирано со користење на случаен примерок, во кој се запазени демографските специфики на населението, полова структура, старосни групи, степен на образование и етничка припадност.