Анкета на МКД.мк: ВМРО-ДПМНЕ И Мицкоски имаат најголема доверба кај граѓаните
ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски уживаат најголема доверба кај граѓаните, покажа последното истражување на МКД.мк за рејтинзите на политичките партии и нивните лидери.
Според резултатите, 25,3% од анкетираните изјавиле дека најголема доверба имаат во лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски. Значително помал рејтинг има лидерот на ДУИ, Али Ахмети од 6,3%, кој е на второто место. Со 4,8% доверба, на третата позиција се наоѓа првиот човек на СДСМ, Филипче.
Најголем дел од испитаниците, над 41% рекле дека немаат доверба во ниту еден лидер на политичка партија.
За тоа за која политичка партија ќе гласаат, 22,9% одговориле ВМРО-ДПМНЕ, а за СДСМ се определиле 5,9%. Околу 40 отсто од испитаниците сѐ уште не одлучиле за која партија би гласале или не сакаат да откријат или сѐ уште не одлучиле дали ќе излезат на гласање.
На прашањето „според вас, која опција ќе победи на локалните избори во вашата општина?“, 43,4% изјавиле дека очекуваат победа на владејачката коалиција, додека 16,8% веруваат дека победник ќе биде опозицијата.
Истражување покажува висок процент на можна излезност за претстојните локални избори. 64,4% од испитаниците изјавиле дека сигурно ќе гласаат, околу 23% се уште не одлучиле, а 12,6% нема да излезат на избори.
Анкетата за МКД.мк ја спроведе агенцијата Маркет вижн, телефонски, од 9 до 21 септември врз репрезентативен примерок од 1.200 испитаници.
-
Мартин Арсов
Сите содржини од овој новинар