Анкета на српските студенти во блокада: Поддршката за СНС под 40 проценти
Студентите во блокада во Србија ги објавија резултатите од анкетата на јавното мислење, според која студентската листа би победила на изборите, а СНС има поддршка од помалку од 40 проценти од граѓаните.
По НСПМ и Ипсос, пристигнуваат резултатите од уште една анкета на јавното мислење објавена од студентите во блокадата и според нив, истражувањето е направено за агенцијата Спринт Инсајт, а го спроведоа професори од Факултетот за политички науки.
„Во изминатите неколку дена беа споменати разни истражувања со сомнителна легитимност. Методологијата на истражување што ви ја презентираме се смета за златен стандард во истражувањето на јавното мислење во развиените демократии. Истражувањето е спроведено лице в лице, на територијата на цела Србија. Спроведено е во периодот од 23 јуни до 5 јули оваа година, на репрезентативен примерок од 1.458 испитаници“, напишаа студентите во блокадата.
Учесниците во анкетата, која беше спроведена од 23 јуни до 5 јули, одговорија на шест прашања – за несреќата во Нови Сад, студентските протести, а пред се го искажаа своето мислење за насоката во која се движи Србија, за главната причина за економскиот пад на земјата, за поддршката на сегашната влада на Александар Вучиќ и за резултатите од потенцијалните избори.
На прашањето дали несреќата во Нови Сад покренала сомнежи за други проекти што ги спроведува сегашната влада – 56,9 проценти од испитаниците одговориле со „да“, 35,2 проценти рекле со „не“, додека 7,9 проценти рекле дека „не знаат“.
Резултатите покажуваат дека 53,8 проценти од испитаниците ги поддржуваат студентските протести и студентскиот ангажман во врска со падот на бетонската настрешница, додека 39,6 проценти рекле дека не ги поддржуваат, а 6,6 проценти рекле дека не знаат.
Според анкетата, 33,5 проценти од испитаниците веруваат дека Србија добро се справува. Од друга страна, 53,5 проценти од учесниците во анкетата сметаат дека земјата оди во лоша насока. Како што студентите забележуваат во соопштението, има значителна промена во ова прашање од летото 2023 до летото 2025 година.
Од осумте опции што им беа понудени на испитаниците како главна причина за економскиот пад на земјата, 16 проценти од испитаниците веруваат дека студентите се виновни, додека 55 проценти од учесниците наведуваат причини што се под директна контрола на властите.
Испитаниците беа прашани и дали ја поддржуваат сегашната влада предводена од Александар Вучиќ. Одговорите на граѓаните покажаа дека СНС има поддршка од помалку од 40 проценти од граѓаните.
На последното прашање: „Како би изгледале резултатите од изборите доколку денеска се гласаше?“, повеќе од 54 проценти од луѓето би гласале за студентската листа, шти би била составена од професори, работници и експерти од различни сектори, на кои студентите би им дале поддршка.
Од резултатите од анкетата, може да се види дека на вонредни парламентарни избори, само 42 проценти од испитаниците би гласале за владејачката коалиција.
Во заклучокот од истражувањето објавено од студентите во блокада, се наведува дека граѓаните кои ја поддржуваат студентската листа не сакаат да бидат пасивни набљудувачи, туку активни учесници во изборниот процес, 62 проценти од нив би биле контролори на изборите, 56 проценти би воделе кампања наместо нив, а 49,6 проценти би донирале одредена сума пари за кампањата.
„Секој од нас е важна алка во оваа борба. Секој од нас поставува прашања. Само преку заеднички ангажман можеме да ја одбраниме волјата на народот на изборите“, заклучија студентите во блокада.
МИА
Ново на Сител
-
ЦУК: Активни два пожари, под контрола еден, еден изгаснат
-
Поради лошата традиција со пукање на свадби и прослави, од залутни куршуми за месец дена оштетени пет автомобили
-
На Ќафасан се чека околу 40, а на Табановце и Богородица околу 30 минути
-
Поскапуваат бензините, поевтинуваат дизелот и Екстра лесното масло
-
Уапсен кумановец, возел со 1.80 промили алкохол во крвта
-
Поради дефект без вода делови од Ченто
-
Обид за убиство Струга, едното лице го бодело оштетениот со нож во стомак и врат, другото лице довикувало да го „доврши“
-
Изминатиот викенд 1077 сообраќајни прекршоци на територија на цела држава, 314 за брзо возење