Македонија
4. August 2025 - 13:16

На Ќафасан се чека околу 40, а на Табановце и Богородица околу 30 минути

На граничниот премин Ќафасан времето на чекање е околу 40, на Табановце и Богородица околу 30, а на Блаце е 20 минути, соопшти Авто мото сојузот на Македонија.

На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. Поради летните одмори се бележи зголемена фреквенција на возила

Од денеска до 16 септември 2025 година, на делницата Градско клучка Дреново, која е дел од Експресниот пат А1 и Коридорот 10д, ќе важи времен изменет режим на сообраќај поради изведба на проектот Изградба на патна делница Градско клучка Дреново“. Сообраќајот ќе биде пренасочуван и регулиран со поставена соодветна сообраќајна сигнализација.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово Велес, Маврово Дебар Струга, Виница Берово и Кочани Делчево.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен.

 

МИА