Раста уапсен во Охрид, не стигна да настапи со Џејсон Деруло
Познатиот српски пеач Стефан Ѓуриќ Раста уапсен во Охрид.Синоќа наместо на настап со свестки позната звезда Џејсон Деруло на стадионот Билјанини Извори заврши во полициска станица.
Портпаролот Стефан Димоски во телефонски разговор за Сител го потвди случајот и подвлече дека пејачот е приведен поради поседување опојна дрога марихуана.
-На 03.08.2025 година во 00.10 часот, на спортски стадион во Охрид, полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Охрид, од слобода го лишија С.Ѓ.(36) од Белград, Република Србија кај кого, при извршен преглед, полициските службеници, пронајдоа и одзедоа опојна дрога Марихуана. Тој е задржан во полициска станица и по целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, истакна портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.
Како што дознаваме познатиот пеач пред својот настап пред бројната публика бил затекна во шаторот позади бината при користење опојна дрога а до него била пронајдена и опаковката со марихуана.
Инаку ова не е прв пат Стефан Ѓуриќ Раста да биде уапсен за поседување наркотици. Во октомври 2020 година, полицијата пронашла пет грама марихуана кај него, а потоа, по наредба на обвинителството, бил претресен неговиот стан, каде што била пронајдена и друга дрога.
-
Нина Аритоновска
Сите содржини од овој новинар