Македонија
7. August 2026 - 21:16

Повреден Македонец дома ќе се враќа со владиниот авион

Утре со владиниот авион во Македонија ќе биде вратено младо момче кое се здоби со тешки повреди на вратните пршлени при спуштање на воден тобоган во Турција. По барање на неговото семејство, Владата и Министерството за здравство организираа итен медицински транспорт за негово безбедно враќање и продолжување на лекувањето во земјава.

„За време на транспортот, пациентот ќе биде придружуван од специјализиран медицински тим од Универзитетската клиника за трауматологија, ортопедски болести, анестезија, реанимација, интензивно лекување и ургентен центар (ТОАРИЛУЦ), при што се обезбедени сите неопходни услови за безбеден медицински транспорт. По пристигнувањето во Скопје, пациентот ќе биде преземен од тимот за спинална хирургија на Клиниката, каде што веднаш ќе биде хоспитализиран и ќе му биде обезбедено натамошно специјалистичко лекување, медицинска нега и соодветна рехабилитација“, соопштија од Министерството за здравство.

Во тек се последните подготовки за транспортот, потврди првиот човек на СОЗР за Сител.

Томовски додава дека на државата и е потребен поголем авион.

Владиниот авион и претходно бил користен за итни и хуманитарни мисии, меѓу кои и евакуација на македонски државјани од кризни подрачја.