Македонија
7. August 2026 - 16:59

Бројката на потврдени случаи на западно-нилска треска стигна до 20

Сомнителните 6 случаи со воспаление на мозокот кои изминатите денови завршија на болничко лекување на Инфективна добија дијагноза – лабораториски е потврдено дека се заразени со западно нилска треска. Ја имаат најтешката форма која се јавува кај еден процент од луѓе каснати од инфициран комарец. И новопотврдените како и останатите 10 кои се хоспитализирани на клиниката се од Скопје.

Уште еден заразен со вест најл вирус е хоспитализиран во приватна здравствена установа, информираат здравствените власти. Вкупната бројка на заразени годинава е 20 што е најмногу досега.

-Тројца пациенти се во тешка клиничка состојба со равиена невроинвазивна форма на болеста и се лекуваат на одделот за интензивно лекување. Останатите се во стабилна состојба и се под континуиран медицински надзор. Сите се од Скопје, сите се во возрасната група над 60 години и сите се со повеќе придружни болести.  

Од потврдените случаи само кај мал број во епидемиолошките анкети е наведено дека патувале надвор од Македонија. Сите други заразата ја добиле во земјата.

Имајќи во предвид дека поголем број се од скопската општина Драчево таму имаше и вонредно прскање против комарци а надлежните најавија дека ако има и во други општини поголем број ќе преземат дополнителни мерки.

Каснувањето од заразен комарец кај 80 проценти може да помине без симптоми, околу 20 проценти можат да рззвијат блага клиничка слика а само еден процент да завршат во болница.

Симптомите се јавуваат 3 до 14 дена по каснувањето.